
Германските судови во декември регистрираа 15,2% повеќе барања за стечај од компании во споредба со крајот на 2024 година, покажуваат прелиминарните податоци на статистичката служба.
Во ноември и октомври растот изнесувал 5,7%, односно 6,5%. Експертите посочуваат дека зголемувањето се должи на последиците од корона-кризата и високите каматни стапки. Најмногу стечајни случаи се забележани во секторите транспорт, складирање и угостителство.
