
Во гајба за леб била пронајдена кафеава прашкаста материја во „Затвор – Идризово“, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 13:35 часот во СВР – Скопје од Казнено – поправната установа „Затвор – Идризово“ е пријавено дека околу 7:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја, појаснија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

