Skip to main content
Свет

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

05/11/2025  13:40

Најмалку пет луѓе се повредени откако возач намерно влетал на повеќе пешаци и велосипедисти на францускиот остров Олерон.

Напаѓачот е уапсен откако се обидел да го запали сопствениот автомобил во кој се пронајдени плински боци. Тој за време на апсењето извикувал Алах акбар.

Според локалните власти, 30-годишниот напаѓач е француски државјанин и е познат по бројни испади, особено по редовното консумирање дрога и алкохол. Тој не е во регистарот на лица под надзор поради ризик од терористичка радикализација.

Отворена е истрага за инцидентот.