Skip to main content
Свет

Во Франција, контролорите на летање ќе бидат биометриски регистрирани на работното место

07/09/2025  21:35

Контролорите на летови во Франција наскоро ќе мора да се регистрираат биометриски кога ќе почнат да работат, што е „безбедносен“ услов, објави денеска Министерството за транспорт на земјата.

Во соопштението се наведува дека декретот „со кој се одобрува воведување на автоматизирана обработка на лични податоци под името SPS, за „Систем за верификација на присуство на лице место“ за контролори на летови“, е објавен денеска во Службениот весник на таа земја, објави „Фигаро“.

Воведувањето на таков систем беше една од препораките на Бирото за истраги и анализи за безбедност на цивилното воздухопловство (BEA), по „сериозниот инцидент“ во декември 2022 година на аеродромот во Бордо, кога два авиона речиси се судрија, за што BEA ја обвини погрешната организација на работата на контролорите.