Skip to main content
Скопје

Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија

09/02/2026  08:35

Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина.

– од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар

– од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од ул.Радишанска во Бутел

– 09:00-12:00 часот корисниците на ул. 29 Ноември бр. 37 во Центар

– од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од ул. Урош Џудовиќ во Карпош.