
Во текот на месецот декември 2025 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортираше вкупно 13 000 тони комунален отпад од кантите во индивидуалните домувања и контејнерите поставени на јавни површини на територијата на градот Скопје, информираат од Јавното претпријатие
Воедно, екипите на Претпријатието отстраниле и 2200 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.
Во текот на последниот месец од минатата година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше голем број едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпад, при што се изготвени 225 записници.
Најголем број на записници – вкупно 85 – се врачени во скопската општина Kарпош.

