
Лани во декември, во земјава вкупно се потрошени 821.436 мегават часови електрична енергија, 47,058 милиони нормални кубни метри природен гас, 261.591 тони јаглен и 100.606 тони нафтени продукти.
Според податоците од Државниот завод за статистика, 78,4 отсто од вкупно потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,6 проценти од потрошениот јаглен се употребени за производство на струја. Во домашно произведената електрична енергија учеството на хидроцентралите е 33,7 отсто, комбинираните централни и индустриски енергани учествуваат со 26 отсто, термопостројките со 24,8, соларните електрани со 9,9, ветерните електрани со 4,9, а биогасните централи со 0,7 отсто.
Во декември 2025 година потрошувачката на природен гас е зголемена за 34,3 отсто во споредба со истиот месец од 2024 година како резултат на зголемената активност на когенеративните постројки, а потрошувачката на нафтени продукти, пак, е зголемена за 9,6 проценти.


