Skip to main content
Спорт

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

20/11/2025  10:38

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денес ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026.

Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска.

Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина.

Другите четири двојки ќе бидат формирани од вториот (Полска, Велс, Чешка, Словачка) и третиот (Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово) шешир. 

Ќе се играат две рунди: полуфинале (26 март 2026 година) и финале (31 март 2026 година). Четирите победници ќе се пласираат на Светското првенство 2026 година.

Жрепката во Цирих ќе почне во 13 часот.