Skip to main content
Свет

Во центарот на Москва eксплодираше една од лимузините на Путин

29/03/2025  14:56

Во Москва експлодираше луксузна лимузина Аурус за која се верува дека е дел од службениот возен парк на рускиот претседател Владимир Путин. На снимката се гледа возило Аурус Сенат, вредно околу 320.000 евра, како гори на сред улица, недалеку од седиштето на руската тајна служба ФСБ на Лубјанка.

Се верува дека автомобилот припаѓа на возниот парк на Претседателската канцеларија за управување со имот, која е задолжена за имотот на Кремљ.

На снимката се гледа како пожарот од моторот се проширил во внатрешноста на возилото. Не е познато кој бил во автомобилот во моментот на експлозијата. Причината за пожарот се уште не е позната, а според достапните информации во инцидентот нема повредени или загинати.

Претседателот Путин редовно користи руски лимузини Аурус, а една од нив неодамна му подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Овој инцидент веројатно дополнително ќе ја засили и онака силната параноја во Кремљ дека странски агенти подготвуваат атентат врз рускиот лидер.