Skip to main content
Македонија

Во Чешка во несреќа тешко повреден бизнисменот Душко Чифлиганец

03/08/2025  18:04

Во несреќа при мотоциклистичка трка во Брно, Чешка, за живот се бори познатиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец, заменик претседател на „Адора бизнис групација“ од Скопје и директор на Adora Living Solutions, објави Локално.мк

Според информациите, Душко Чифлиганец при мото-трка паднал од моторот и со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен в болница. Посебно тешки повреди добил на главата.

Душко Чифлиганец беше пасиониран учесник во брзинскиот мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе а во последните две години се вклучи и во меѓународните натпреварувања.

Тој беше познат и како активен учесник во хуманите активности на групацијата, која своите дејности од оваа област ги спроведува и во Србија, преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ.