Skip to main content
Балкан

Во Брисел нова рунда од дијалогот Белград – Приштина

03/06/2025  08:40

Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на Европската унија.
Тоа ќе  биде прва рудна дијалог со Петер Соренсен откако ја презеде функцијата од Мирослав Лајчак во почетокот на февруари.

Делегацијата од Белград ќе биде предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ.

Дијалогот требаше да продолжи на 15 јануари, но Петковиќ ги прекина и ги напушти разговорите поради затворањето на бројни српски институции во Косово – по упадот на косовската полиција во објекти на поштата во Грачаница, како и во Косово Поле, Липљан и други места јужно од Ибар.