Skip to main content
Македонија

Во болниците во земјава се лекуваат седум пациенти од повредените во Кочани, во странство остануваат 64 пациенти

08/04/2025  12:36

Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина, соопштија од Министерството за здравство.

Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.

За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата Пирогов во Република Бугарија.

Инаку, во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица.