Skip to main content
Свет

Во болници низ Израел се пренесени 287 повредени во иранските напади

16/06/2025  11:44

Најмалку 287 лица повредени во воздушните напади на Иран врз израелски цели во текот на ноќта се пренесени во болници, соопшти израелското Министерство за здравство.

Едно лице е во сериозна состојба, а 14 имаат умерени повреди, вклучувајќи две лица хоспитализирани во детска болница во Петах Тиква.

Повеќето, како што пренесува „Тајмс оф Израел“, имаат полесни повреди или се во шок.

Министерството за здравство не ја соопшти состојбата на 15-те лица пренесени во болница во местото Бнеи Брак. Тој град, источно од Тел Авив, беше погоден од иранска ракета во текот на ноќта, при што загина едно лице.