Skip to main content
Хроника

Во болница почина затвореник од „Идризово“

04/03/2025  19:38

Во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 15.30 часот кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен Д.Т.(35) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кој во 17.15 часот починал.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.