
Во Санта Круз, Боливија, брутално беа убиени тројца државјани од регионот – Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, Дејанчо Лазаревски (43) познат како Македонец од Струмица, и Вања Милошевиќ од Србија.
Странскиот медиум „Редуно“ објави фотографии за кои тврди дека прикажуваат двајца од жртвите – Србинот Ѓекиќ и Лазаревски.
Боливиската полиција информира дека телата на убиените биле пронајдени во кујната на изнајмена куќа, завиткани во црни пластични кеси. Соседите претходно пријавиле вознемирувачки звуци и гласна музика што доаѓале од куќата.
„Пронајдени се три тела, завиткани во црни пластични кеси, кои најверојатно биле подготвени за транспорт на друга локација,“ велат извори од истрагата.
Полицијата се сомнева дека планот на убијците бил да ги отстранат телата, но во тоа не успеале бидејќи биле спречени со навремена интервенција.
Истрагата за овој случај продолжува, а властите во Боливија засега не откриваат детали за мотивите и можните осомничени.