Skip to main content
Хроника

Во бесознание бил донесен во Клинички и починал – се испитува причината за смртта на Унгарец

24/08/2025  15:20

На 23 август 2025 година во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен во бесознание 61-годишниот Е.М. од Унгарија, кој набрзо починал.

Според пријавата, на улицата „11 Март“ во Скопје на починатиот му се слошило, по што бил пренесен во болницата, каде лекарите констатирале смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, информираат од Министерството за внатрешни работи.