Skip to main content
Македонија

Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија

10/01/2025  08:44

Најниска температура – 2 утрово е измерена во Берово, додека со 8 степени Целзиусови најтопло е во Гевгелија.

На Попова Шапка и во Крива Паланка 0 степени, 1 Виница, 3 степени во Битола и Лазарополе, 4 Штип, Тетово, Крушево, Кавадарци, Куманово и Маврови Анови, 5 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Прилеп и Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Струмица, Велес и  7 стешени во Претор.

УХМР информира дека висината на снежната покрива во 07 часот е 38 сантиметри на Попова Шапка и 23 во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје времето променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.