
Во главниот град на Србија денеска попладне (16 часот) се очекува да почне голем протест предводен од судентите во блокада, што се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради загинувањето на 15 лица при уривање на реконструирана настрешница на ќелезничката станица во Нови Сад.
Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата во Нови Сад. Протестот во Белград доаѓа по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
Владата и српскиот претседател Александар Вучиќ тврдат дека барањата на студентите се исполнети. Студентите и академската заедница го отфрлаат тоа.
Десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во главниот град на Србија, Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска.