Skip to main content
Хроника

Во бегство е убиецот од Батинци, соопшти ОЈО

11/07/2025  15:30

Основното јавно обвинителство соопшти дека дежурен јавен обвинител денеска извршил увид на местото на трагичниот инцидент што се случи во селото Батинци. При увидот, обвинителот издал наредби и насоки за прибирање на релевантни докази за понатамошниот тек на истрагата.

„За настанот во Батинци, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредби и насоки за прибирање докази. Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага“ соопштија од ОЈО.

Се продолжува со истрагата за целосно расчистување на случајот, додаваат оттаму.