Skip to main content
Балкан

Во Албанија минималната плата ќе изнесува 510 евра

26/12/2025  17:38

Минималната плата во Албанија од јануари се зголемува на 50 илјади леки. Зголемувањето ќе биде за 100 евра повеќе од досегашната плата.

-Од оваа одлука полза ќе имаат околу 307.850 вработени, регистрирани во јавниот и приватниот сектор и има за цел да го заштити животниот стандард, да го зајакне човечкиот капитал и да го подобри животниот стандард за илјадници албански семејства, објави Делина Ибрахимај, министерката за економија и иновации.

Според министерката се очекува зголемувањето на минималната плата да има позитивно влијание и врз намалувањето на неформалноста на пазарот на трудот, како и врз зајакнувањето на почитувањето на законските договори и правата на вработените.