Skip to main content
Балкан

Во Албанија близначиња првородените во новата година, спектакуларен огномет во Тирана

01/01/2025  12:38

Во Албанија во новата година првородени се близначињата, Арес и  Рејд. Момчињата на свет се донесени првите секунди на новата година,  во гинеколошката клиника „Царица Гералдина“ во Тирана.

Прв веста ја објави премиерот Еди Рама постирајќи фотографија од најмалите и напиша дека „тие се предвесници на година на благодат“.

Бебињата добиваат еднократна финансиска помош од по 80 илјади лека (800 евра), врз основа на одлуката на владата за доделување бебешки бонус која се применува од 2019 година.

Инаку, во Албанија во сите поголеми градови новата година беше дочекана на плоштади, со огномети,  а најмасовно беше во Тирана каде имаше богата музичка програма и спектакуларен огномет, а освен албански граѓани голем беше бројот на туристи, каде новата година им ја честиташе градоначалникот Ерион Велиај.

Според полицијата ноќта минала без поголеми инциденти, а при употреба на пиротехнички средства полесно се повредени 16 лица.