Skip to main content
Свет

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина

04/02/2026  18:07

Украинските и руските преговарачи попладнево во Абу Даби го завршија првиот ден од разговорите со посредство на САД за прекин на војната во Украина, пренесуваат светските агенции.

Според извори на Аксиос, „разговорите ќе продолжат утре“.

Станува збор за втора рунда преговори за завршување на војната во Украина. Првата рунда преговори се одржа во Обединетите Арапски Емирати изминатиот месец. Тоа беа првите директни јавни преговори меѓу Москва и Киев.