Skip to main content
Музика

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)

16/10/2025  13:20

Внуката на Владимир Блажев-Панчо, Мина Блажев, на социјалноте мрежи вчера сподели неколку фотографии и емотивна порака до него со која расплака многумина.

Во својата објава таа му се обрати на Панчо, а на нејзините зборови никој не можеше да остане рамнодушен. Мина сподели и неколку фотографии на кои е и Панчо, а во пораката напиша дека тој не може без неговата екипа, па решил повторно да им се придружи за да пеат повторно сите заедно, само сега на едно поубаво место каде што песната никога не замолчува.

Целата нејзина објава во продолжение:

„Прасе мое, џуџе мое, срце мое… А едвај чекав да те видам и да те изгушкам најсилно на цел свет❤️

Срцето ми е тешко, мислев дека за кратко ќе те слушнам пак како ми викаш “Прасац кога ќе се видиме” ама знам дека не можеше без твојата екипа, па реши повторно да им се придружиш, за да пеете сите заедно само сега на едно поубаво место каде што песната никогаш не замолчува. Искрен, со големо срце, со душа што знаеше искрено да сака и да помага – тоа беше ти. Веќе ми фалиш најмногу на свет, патувај мирно прасе мое. До следно видување те сака твоето омилено внуче дебилче“, напиша Мина на својот профил на Инстаграм.