
Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Откако не ги добил документите, ниту му биле вратени парите, мажот сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
