Skip to main content
Хроника

Внимавајте кому верувате: Скопјанец измамен за голема сума пари

22/07/2025  21:47

На 21.07.2025 во 10:45 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 268.680 денари.

Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани, кој сакал да има соработка и да порачува градежни материјали од неговата фирма во скопско.

Откако во неколку наврати му бил испорачан материјалот и уредно направена фактура, друго лице, кое се претставило како пријател на лицето од Кочани, му упатило закани по телефон, а подоцна и во неговата фирма во скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.