Skip to main content
Македонија

Внатрешна контрола ќе добие пријави за двајца полицајци, за кои Антикорупциска нема надлежност

02/06/2025  15:23

Антикорупциска комисија денеска препрати две пријави против вработени во МВР, до секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поради тоа што нема надлежност да постапува по нив, објави Слободен печат.

Првата се однесува на началник за економски криминал од Македонски Брод, кој според наводите од пријавата што ги прочита членката на ДКСК Софија Медарска – несразмерно го зголемил имотот, изнудувал пари од лицата на кои им пишувал пријави и примал неоданочени пари од странство.

-Се работи за прашања од законска надлежност на други лица, па ќе го доставиме предметот на постапување во МВР во одделот за внатрешна контрола надлежен за сите наводи во пријавата, рече Медарска после што ваквиот заклучок беше едногласно изгласан.

Членката на Антикорупциска Цвета Ристовска реферираше уште еден случај за кој комисијата добила претставка. Се работи за полициски службеник од СВР Велес кој според наводите од претставката „вршел малтретирање на локалното население, со закани и омаловажување“, самиот бил сопственик на угостителски објект и се додава дека „службеното оружје го користел надвор од работното време“.

Целиот текст прочитајте го на Слободен печат со клик ТУКА.