
Во комуникациите што ги објави Plusinfo се појавуваат повеќе обиди за „ургенција“ околу кочанската дискотека „Пулс“ и кафулето Класик, на истиот газда во центарот на Кочани – вклучително и разговори во кои се спомнуваат обиди за интервенции врз високи партиски и институционални имиња, со цел да се избегне пломбирање или да се намалат санкциите.
Во еден пасус се опишува како во јуни 2023 се бара помош „да не пломбираат“, при што се наведуваат контакти кон функционери и инспекциски структури; наводите се презентирани како делови од анализирана телефонска комуникација доставена во судот како доказен материјал.
Сепак, според пишувањата на порталот „Рацин“ информациите што ги добил овој портал водат кон тоа дека ниту една од тие ургенции не поминала: кафулето на газдата на „Пулс“ билo пломбирано поради неиздавање фискални сметки, согласно законската постапка, без оглед на обидите за влијание. Ова кореспондира со линијата на Обвинителството дека комуникациите служат како индиции, а не како основ за запирање на инспекциските мерки, и дека материјалот е целосно доставен на судско ценеење.
Обидите за политички и институционален притисок постоеле во комуникациите, но на терен преовладала формалната процедура – објектот бил запечатен, а ургенциите останале без ефект.
Дека нема никаква поврзаност со тогашн актуелни функционери од власта, укажуваат и бројни коментари на социјалните мрежи објавени токму под таа вест, а кои доаѓаат од лица кои гравитираат околу Штип и Кочани.

На ваквите писанија со реакција се јавија од Истражувачката репортетска лабораторија од каде за целата статија на Плусинфо велат дека е кукавичко новинарство.
„Целта е да се дискредитира истражувањето веднаш по објавата, а понекогаш и пред да биде објавено, како во овој случај. ИРЛ нема информации дали Героски, како и претходно Драган Павловиќ Латас, се обидува да ја дискредитира новата епизода од документарниот серијал „Редакција“, во која предмет на интерес се и лица поврзани со „Плусинфо“. Но, вакви објави не се новост за овој портал“ велат од ИРЛ