Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение од СДСМ:
Загрижувачка е леснотијата со која СДС сака да се измие од гревовите на нејзиното седумгодишно владеење.
СДС се тие кои за седум години оставија економски пустош, деградирани и уништени институции, опљачкан буџет, ограбен и осиромашен народ.
Додека елитата на СДС, која впрочем и не влегува во маркет да пазари, се богатеше и живееше на висока дога, над пола милион граѓани живееше на работ на сиромаштија со по 150 денари на ден.
Да се грижеа за граѓаните, како што сега во опозиција неумешно се обидуваат да глумат, СДС за седум години власт ќе го подобреше економскиот стандард на граѓаните.
Наместо тоа, СДС за седум години власт потроши државни буџети во вредност од над 30 милијарди евра и најголемиот дел од нив, наместо за развој на државата и целокупното општество, завршија во приватни џебови на лица во и блиски со врвот на партија.
Бранот на поскапување на цените го започна токму СДС кои што во нивно владеење до зголеми ДДВ-то за над 1500 прехранбените производи од 5% на 10%.
Наспроти лицемерната грижа на СДС од опозиција за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како одговорно влада води постојана грижа нивниот животен стандард. Зголеми плати и пензии кои и оваа година ќе продолжат да растат, презема мерки за намалување на цените на производите, при што, само во последната акција се намалија цените на над 1000 производи.
Исто така, со преземањето на одговорноста да ја води македонската Влада, ВМРО-ДПМНЕ го спречи слободниот пад на економијата и го започна нејзиното заживување, така што постигна раст на БДП од 3% во третиот квартал.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму посветено да работи за забрзан економски развој кој е единственото одржливо решение за развој и просперитет на државата, како и за подобрување на животниот стандард на граѓаните.