
Според досега обработените 75,37% од гласовите и податоците од 2.755 избирачки места од вкупно 3.474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во 52 општини, додека кандидатите на СДСМ и Коалицијата водат во 9 општини. Коалицијата ВРЕДИ е на прво место во 8 општини, а Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во 5 општини.
Според општините, кандидатите на ЗНАМ водат во Куманово (Максим Димитриевски), кандидатот на Унијата на Роми Курто Дудуш води во Шуто Оризари, а Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците води во Центар Жупа. Во Струга и Студеничани водат независните кандидати Менди Ќура и Азем Садики.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во општините:
Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Кратово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чучер Сандево и Штип.
СДСМ и Коалицијата водат во:
Богданци, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Росоман и Центар.
Коалицијата ВРЕДИ води во:
Арачиново, Боговиње, Дебар, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир.
НАИ води во:
Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.