Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да одговори со што го уценија ДУИ и тој се претопи во нивната криминална шема

14/05/2025  10:25

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ.

Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување. Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика. Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција.