
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива.
На Филипче и на СДС му смета во Македонија да се инвестира, да се развива економијата, инфраструктурата, образованите, да се градат болници.
Филипче и СДС сакаат само за нив да има. Тие да бидат тие коишто ќе инвестираат во милионски бизниси по странски држави, за кои милионски инвестиции добиваат и златни визи.
Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договор кој ќе овозможи инвестициски циклус со кој ќе се развива и трансформира државата.
Со договорот за стратешко партнерство на Македонија и се ставаат на располагање рамка од 6 милијарди евра со кои конечно, после долги години, ќе се гради брза пруга за патен и товарен сообраќај, дел од Коридорот 10 и за околу саат и пол ќе се стига до Солун.
После долги години ќе се изгради болницата во Кичево, ќе се заврши реконструкцијата на клиничката болница во Штип, а во склоп со нејзе ќе се изгради и нов медицински факултет и студентски дом кој ќе има капацитет за 200 кревети.
Исто така, ќе се реконструира и клиничката болница во Тетово.
И сето ова значи сериозни инвестиции и развој на економијата и државата, квалитетно здравство и здравствена услуга за граѓаните и достојни услови за работа на здравствениот персонал.