Skip to main content
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ со цела сила на Карпош: Лажни ботови и фабрика за дезинформации против Стевчо Јакимовски

24/10/2025  20:06

Во изминатите денови јавноста сведочи на организиран и координиран медиумски напад врз Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и лидер на ГРОМ. Одеднаш, по сите социјални мрежи, портали и анонимни профили, се појавија идентични текстови, статуси и „аналитички“ објави – сите со една иста цел: да го дискредитираат човекот кој веќе две децении опстојува на политичката сцена без да биде ничиј послушник.

Оркестрирана кампања со ботови и лажни профили

Се создаде вистинска ботовска армија. Стотици лажни профили со свежи слики и минимална активност, преку коментари и споделувања, ја преплавија јавноста со координирани напади. Се користи ист речник, ист шаблон, па дури и исти фотографии — што јасно покажува дека станува збор за фабричка пропаганда, не за спонтани реакции на граѓани.

Зад оваа мрежа стојат структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои преку платени маркетинг-агенции и портали создаваат и шират „лажни вести“ против Јакимовски. Намерата е јасна: да се потисне влијанието на најискусниот општинар во Македонија, човекот што ја држи најуредената општина во Скопје.

И портали во служба на партиската пропаганда

Неколку портали, добро познати по нивната блискост со ВМРО-ДПМНЕ, објавуваат синхронизирани „аналитички“ текстови со идентични пораки. Авторите се стари познаници од времето на црните кампањи, добро платени за да шират дезинформации и создадат привид на јавен гнев.

Сценариото е познато: прво се пушта „анонимен извор“, потоа следува „реакција на граѓани“, а на крај „коментар на експерт“ кој само го потврдува однапред подготвениот наратив. На ваков начин се создава медиумска илузија на „скандал“, додека реалните резултати на Јакимовски — нови улици, градинки, фасади и спортски сали — остануваат во сенка.

Ова повеќе личи на трет круг избори

Темпото, нервозата и агресивноста на оваа кампања го надминуваат сè што сме виделе во редовни изборни процеси. Иако изборите во Карпош одамна завршија, впечатокот е дека некои сили во ВМРО-ДПМНЕ сè уште не можат да се помират со фактот дека Јакимовски остана независен, неподкупен и успешен.

Нивните обиди да го урнат со лажни вести и бот напади само потврдуваат дека се уплашени од неговата стабилност и поддршка меѓу граѓаните. Ова не е политичка дебата — ова е медиумска војна.

Реалноста: Карпош работи, нападите се паника

Додека некои лажат и фабрикуваат наслови, екипата на општина Карпош секојдневно работи на терен. Се асфалтираат улици, се градат фасади, се поставуваат соларни панели и се обновуваат јавни простори. Граѓаните гледаат реални резултати, не лажни статуси.

Нападите што се случуваат деновиве не се ништо друго освен признание на страв — страв од човек што не се плаши да каже „не“ на партиските диктати и кој остана свој и кога многумина се продаваа за фотелја.