Skip to main content
Македонија

ВМРО – ДПМНЕ: Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?

04/03/2025  09:21

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО – ДПМНЕ:

Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?

Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС.

Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.

Барањата на ССМ се барања направено во СДС.

Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција.