
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Дури ни обвинителството и судиите клиентелисти на СДС и ДУИ не можеа да ја сокријат вистината.
Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ Бојан Христовски. Тоа смета дека сертификатот за англиски јазик од Бугарија не е фалсификат. Со ова вистината излезе на виделина и сите лаги на СДС паднаа во вода.
Вистината излезе на виделина со тоа што е констатирано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска.
Дури ни судиите избрани во Зајас и Струмица не можеа да ја сокријат вистината за лагите кои со месеци СДС ги ширеше.
СДС со месеци ја манипулираше јавноста и ширеше дезинформации но со денешната одлука на обвинителството сето тоа им се удри од глава.
СДС е синоним за манипулации и дезинформации.
СДС е фабрика за лажни вести.