Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот

28/12/2024  12:35

Соопштение, реакција на прес-конференција на Каја Шукова

Седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот.

Нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.

СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб.

За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот.

Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес.