Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа

28/05/2025  17:02

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Откако ја оставија без елементарни услови за работа, СДС сега е против опремување на полицијата со униформи.

СДС го имаше најдолгогодишниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој не најде време на полициските припадници да им набави униформи и нова опрема.

Во време на СДС кој сега, без срам, зборува за наводни криминални тендери, полицајците беа принудени сами да си крпат, шијат или позајмуваат делови од униформи од пензионирани колеги.

Со доаѓањето на Панче Тошковски на чело на МВР, со конкретни решенија, подобри услови, нови униформи и нова опрема почна, постепено, да се враќа достоинството на полициските службеници.

Тендерската постапка за набавка на униформи за специјалните единици е спроведена согласно сите законски прописи, имајќи го предвид интересот на министерството, водејќи се од квалитетот и најниската цена, а исто така овозможувајќи фер пристап за поголема конкуренција.

Друга важна компонента на договорот е рамковната спогодба која не предизвикува директна финансиска обврска за министерството, што значи дека исплатата ќе се прави согласно потребите и динамиката на испорака на униформите.

Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на неказнивост, хаос и наместени тендери.

Сега е време на одговорност и на почитување и спроведување на законот.