Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ беше дефиниција за нефункионалност на судството и го сведе на 2% доверба

30/12/2024  15:56

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС ја трансформираше државата во институционален заробеник, а правосудството беше претворено во партиска филијала.

Апсурд е СДС да зборува за правосудството и правдата, партијата на Филипче во периодот на своето владеење, ја искористуваше и манипулираше со правдата како алатка за лични и партиски интереси, кршејќи ги основните принципи на демократска и правна држава.

Нон сенс се соопштенијата на СДС во време на СДС и ДУИ судии и обвинители се бираа во Струмица и Зајас.

СДС дозволи Артан Груби да и нанесе ненадоместлива штета  на државата ѕи истиот да врши притисок во судски процеси.

СДС кои го поставија митаџијата Наќе Георгиев сега зборуваат за судството, која трагедија.

СДС се партија која на чело на Судски совет ја имаа Весна Дамева од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ имплементира мерки кои ќе резултираат со посилна и подобра држава а не со хаотична катастрофа како во минатото.

ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на интересите на граѓаните и ја враќа довербата во институциите.