Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,4 отсто во вториот квартал, градежништвото порасна за 7,3, а транспорт и складирање за 6 отсто

07/09/2025  10:24

Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Четири квартали последователно, македонската економија расте со три или над 3%. Во второто тримесечје од годинава, Бруто домашниот производ во Македонија порасна за 3,4%, додека градежништвото и секторот транспорт и складирање се двигатели развојот со раст од 7,3% и 6%.

Сето ова резултира и со отворање повеќе и подобро платени работни места и намалување на невработеноста. Имено, во вториот квартал годинава, споредено со истиот период лани, стапката на невработеност е намалена на 11,5%, односно еден процент помалку.

Преточени во бројки овие проценти значат дека денес имаме околу 10.000 нови вработени и за седум илјади помалку невработени.

Позитивни резултати има и кај надворешната трговска размена, така што во јули извозот порасна за 4,69%, додека во периодот од јануари до јули извозот е зголемен за 5,41%.

Ова не се само статистички проценти, туку реални резултати на одговорни и добро проектирани мерки и политики кои значат подобри услови за економијата, повеќе работни места и подобар живот за граѓаните.

Овие податоци се потврда дека ВМРО-ДПМНЕ знае, сака и умее со посветена и чесна работа да покаже резултати во интерес и за подобар живот на сите, се наведува во соопштението на партијата.