
Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС продолжува да тоне во сопственоста безидејност и упорно го чува Сашо Орданоски.
СДС секојдневно се повеќе и повеќе се заглавува и тоне во својата злоба и живата кал.
СДС и Венко Филипче немаат намера да се оградат и да ги осудат ставовите, навредите, како и од говорот на омраза упатени кон македонскиот стратешки партнер, САД и претседателот Доналд Трамп.
Со тоа СДС и Венко Филипче само даваат сигнали дека тие се согласуваат со ваквите ставови и навреди на нивниот мегафон и гласноговорник, Сашо Орданоски.
Или пак, имајќи во предвид дека низ целиот досегашен работен век сите јавни настапи и пишани дела на Сашо Орданоски секогаш биле на иста линија со СДС и ги величел и фалел неговите политики и лидери, дали и сега по нивна препорака, да не речеме наредба, бил пратен на национална телевизија да упатува навреди и говор на омраза?
Дали СДС и Венко Филипче во недостиг на идеи за политичко дејствување и нудење полити за добробит на државата и граѓаните, и соочени со фактот за вртоглавиот пад на нивниот рејтинг, преку нивните перјаници и сиви еминенции, како што е Сашо Орданоски промовираат и шират тези што тие јавно не можат да ги зборуваат?
Со ваквите потези СДС покажуваат де се спаднати на нивото на нивниот коалиционен партнер Левица и се пуштија во лов, кој од нив ќе придобие повеќе опозициски гласови со анти САД и анти Трамп реторика.
На Македонија не и требаат измислени непријатели, како што тоа го прават СДС со коалицијата Левица. На Македонија и требаат пријатели за кои сите треба да се залагаме, работиме и да ги негуваме, почнувајќи од Европа, па се до стратешкиот партнер САД.
И птиците на гранките знаат дека Сашо Орданоски е човек на СДС и близок советник на Филипче, нивен гласноговорник, испостава и продолжена река.
Затоа, секоја неосуда и неоградување на СДС и Венко Филипче од ставовите и говорот на омраз на нивниот гласноговорник, Сашо Орданоски кон Америка и претседателот Трамп, е само сигнал и потврда дека и тие се согласуваат со него.