
Одговорајќи на новинарски прашања, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се уште траат анализите во кои општини неговата ВМРО-ДПМНЕ ќе нема свој кандидат за градоначалник туку ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери
-Очекувам дека некаде по годишните одмори би имале и официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата помеѓу 5-ти и 15-ти август, тие денови, да биде на годишен одмор. Анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат. Втората половина на август месец и тоа да се официјализира. Во меѓувреме разговорите ги завршивме со нашата внатрешна коалиција, со потенцијалните политички партии и идни наши коалициони партнери. Сега ја правиме таа анализа, очекувам до првата половина на август да се затвори и таа тема, истакна Мицкоски.
Додаде дека по ваквите анализи ќе можат да излезат со поддршка за градоначалници, бидејќи како што рече, јасно е дека владините партнери ќе имаат свои советнички листи
-Логично е во сите општини да се поддржуваме едни со други. Мислам дека тоа ќе биде позитивен процес кој ќе заврши во втората половина на август, истакна Мицкоски