Skip to main content
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна 

11/11/2025  11:23

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна.

И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа.

Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира.

Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито кое го остави Данела Арсовска.