Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче по примерот на ЗаеВ, кај стигне ги руши националните интереси и ја кодоши државата во која добил се

19/06/2025  10:53

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Откако помисливме дека поголем штетник за државните и национални интереси од Зоран Заев нема, се појави Венко Филипче.

Тој, по примерот на неговиот ментор Заев, ја кодоши Македонија и ги поткопува државните позиции, и тоа од сред Атина.

Како главен опозиционер, наместо да биде на линија со националните интереси, Филипче во своите јавни настапи надвор од државата, со измислици, лаги и манипулации го руши државниот углед и позиции.

Но, што може да се очекува од човек кој му се восхитува на Заев, кој освен во Грција и во Бугарија ги рушеше националните интереси на Македонија, каде на национална телевизија викаше дека Македонците и Бугарите се ист народ, а македонскиот и бугарскиот јазик се исти.

Што го тера Филипче да ја кодоши и плука сопствената држава во која добил се, или пак до последно останува верен на муртинската политика на Заев која подразбираше предавства, коленичење и распродажба на националните интереси.

Венко Филипче треба да знае дека како претседател на опозицијата има должност и обврска да биде на линија и во служба на националните интереси.

Стратешката цел за членство на Македонија во Европската Унија е една од главните определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа е сојуз во кој природно припаѓаме.

Но, исто така, тоа не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација, како по примерот на прифаќањето на предавничките договори на СДС и Зоран Заев.

Интеграцијата во најмоќниот европски сојуз мора да биде под јасно утврдени критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, Копенхашките критериуми, европски вредности и начела.

Покрај членството во ЕУ, државата има должност и обврска да води грижа и да го зачува достоинството на нацијата.

Затоа, Филипче треба да знае, дека кодошејќи ја државата прави огромна штета на државата и на идните генерации и дека го руши достоинството на македонските граѓани.

И како опозиционер, Филипче е дел од оваа генерација политичари, од кои граѓаните очекуваат умерена и одговорна политика во интерес на државата, а не да ја кодоши и да биде срам за Македонија.