Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче лажно зборува за единство, прави плакати испрскани со крв и сее зло и лаги за Кочани

17/09/2025  11:06

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Додека Венко Филипче во Свети Николе зборува за единство и слога, во исто време прави плакати од Мицкоски, Тошкоски и Јанев испрскани со крв и сее зло и лаги за Кочани.

И човекот кој е татко на смртта на неколку десетици илјади починати од ковид кризата, каде тој како прв човек на здравството доживеа фијаско. Нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани и нема приказна која не ја изврте на жртвите од Кочани.

Тие и нивните инсталации и платеници имаат посебно чувство на задоволство кога злоупотребуваат вакви трагедии. И тоа силно го осудуваме.

Ако сака Венко да направи разлика, тогаш нека излезе јавно да се извини и осуди ваквата омраза која тој ја стимулира.