
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Кога се работи посветено, со одговорен пристап и ефикасна одбрана во интерес на државата, можат да се постигнат позитивни резултати и во тешки и комплицирани спорови.
Штитејќи го државниот интерес пред меѓународните судови, владиното координативно тело за арбитражни постапки вложи максимални напори, од внимателна анализа на документите и договорите, до темелна подготовка со правни аргументи, со што обезбеди силна и одржлива позиција во постапката.
Токму ваквиот начин на работа, резултираше со плод и позитивен исход во полза на Македонија кај три меѓународни арбитражни постапки.
Со успешно завршените арбитражни постапки направена е заштеда на државниот Буџет во износ од околу 565 милиони евра.
Покрај добиената арбитражна постапка за рудникот Казандол против Македонија со вредност од околу 115 милиони евра, добиени се и арбитражна постапка позната како САСА со вредност од 445 милиони евра и арбитражна постапка ГАМА со вредност од над 5 милиони евра.
Овој позитивен исход е потврда дека со транспарентност, одговорност и заедничка работа можат да се постигнат резултати кои во минатото беа претставувани како невозможни.
Секој ваков позитивен резултат ја зајакнува довербата во институциите, го штити буџетот од непотребни финансиски, како и меѓународниот углед на државата.
И за таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да ја заштити државата, парите на граѓаните и угледот на институциите.