
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:
Добро е што Венко Филипче конечно ги согледа состојбите и дојде на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.
Добро е што Филипче и СДС признаваат дека проблемот со Бугарија не е само внесувањето на Бугари во Устав, дека проблемот е подлабок и дека ги опфаќа и идентитетските национални обележја.
Исто така, добро е што СДС и Филипче прифаќаат дека засегнат е и македонскиот јазик, за кој постојано ја убедуваа македонската јавност дека го заштитиле согласно нивните предавнички договори кои ги прифатија и потпишаа.
Но има работи кои македонската јавност нема ниту да му заборави, ниту да му ги прости.
Откако СДС, на чело со менторот на Филипче, Зоран Заев во чијашто влада беше и самиот Венко, распродаде се што е национално македонско и Македонија ја продаваа како невеста која богато ќе ја омажат, доцна им е за каење и за ископување на гревовите.
Задоцнети и бледи се ваквите обиди на СДС и Венко Филипче за нивните предавства, народот ќе ги памети како најголемите предавници во историјата на државата и истите ќе завршат во темните историски страници.
Сега Македонија има Влада која ги брани националните интереси и нема ни милиметар да се помести од позициите за одбрана на идентитетот, историјата, културата, јазикот.
На чело на државата сега е Влада која ги брани, зацврстува и ги провира националните идентитетски обележја.
Влада која работи во интерес на државата и граѓаните, која со напорен труд ја развива во сите пори на општественото живеење и која работи на нејзина евроинтеграција на достоинствен начин со заштитени национални обележја.