Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите!

09/06/2025  14:28

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите.

Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија.

Истовремено ги повикуваме СДС да запрат со прекиот суд, кој секој ден го прават, и растураат пердуви без воопшто да има докази за некој.

Институциите во случајот Кочани работат посветено и одговорно. За првпат во историјата на државата одговорност има за сите.