Skip to main content
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Акцелераторот на Онкологија по 8 години повторно е во функција, а листите на пациенти за снимање во ПЕТ центарот се двојно намалени

21/02/2025  12:16

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Редно време е во СДС да се смират и да почнат да ја гледаат реалноста која се менува.
Венко Филипче кој е претседател на СДС, а во владата на Заев беше министер за здравство го уништи целиот здравствен систем. Сега Филипче нека се сврти околу себе и нека види дека работите се менуваат.

Помина времето на СДС кога не се грижеа за граѓаните, сега е поинакво време, време на трансформација на Македонија во полза на граѓаните.

Неколку факти.

За разлика од времето на СДС кога имаше долги на листи на чекање за снимање во ПЕТ центарот, денес истите се двојно намалени. Тоа е резултат на новото раководство на центарот.

За разлика од времето на СДС кога акцелераторот на Онкологија не работеше сега истиот по осум години е ставен во функција, односно е на располагање на пациентите. За краток период имаше низа на активности кои претходеа на ставањето во функција на овој акцелератор, вклучително и комплетна реконструкција на бункер, набавена нова дополнителна опрема, стабилизатори на напон, реконструиран е бункерот, купена е нова имобилзациска опрема, направено е комисионирање на апаратот, купен е мебел, инсталирани се системи за мониторирање на пациенти, фазите на инсталација на системот, мерења, калибрации и моделирања на системот во употреба. Со инсталација на овој акцелератор, на располагање оваа Клиника ќе има 4 акцелератори кои ќе бидат наменети за потребите на онколошките пациенти.

За разлика од времето на СДС и Филипче, сега сите пациенти добиваат квалитетна радиотерапија согласно на стандардите на европските земји.

Што прават СДС и Филипче? Само хистерија!