
„Коалицијата Влен го поздравува позитивното мислење на Венецијанската комисија за Законот за фер и соодветна застапеност, презентирано од вицепремиерот Арбен Фетаи, со кое се дава зелено светло на процесот што завршува 24-годишно чекање.
Овој закон е доказ дека кога постои политичка волја, принципот на фер застапеност не останува на зборови, туку се трансформира во ЗАКОН. Фер застапеноста се движи напред, врз основа на европските стандарди и принципот на меритократија.
Влен е решена дека ова прашање повеќе нема да остане заложник на политички игри, туку да се добие целосно законско решение, за професионална, функционална и инклузивна јавна администрација за сите заедници.
24 години, ова прашање се користи и злоупотребува за реторика и политички пресметки, без никогаш да се претвори во законско решение.
Денес, Влен го затвора ова поглавје со трансформирање на фер застапеноста во ЗАКОН.“


