
Соопштение на ВЛЕН:
Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, со предлог на Министерството за економија и труд, предводено од министерот од ВЛЕН, Бесар Дурмиш, го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. Главната цел на овој план е поголема и поквалитетна вклученост на невработените во пазарот на трудот во нашата земја.
Со задоволство истакнуваме дека оваа година за мерките за вработување се издвоени над 2,5 милијарди денари, односно 40 милиони евра, што претставува зголемување од 7,5 милиони евра во однос на претходната година и е рекордна поддршка досега. Според Оперативниот план, вкупно ќе бидат опфатени 16.507 лица.
Ова е јасен показател за посветеноста на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за економија кон подобрување на пазарот на трудот и задоволување на различните потреби на работната сила во бизнис секторот.
Во Оперативниот план за 2025 година, посебен акцент се става на:
младите невработени лица до 29 години,
долгорочно невработените,
корисниците на гарантирана минимална помош.
За прв пат, се воведени мерки специјално насочени за поддршка на младите.
Мерка – Поддршка за самовработување се однесува на невработени лица со минимум основно образование за започнување на сопствен бизнис. Финансиската поддршка изнесува 7.000 евра неповратни средства за започнување на бизнисот, што е за 1.000 евра повеќе во споредба со претходната година.
Новина оваа година е подмерката Поддршка за самовработување на млади невработени лица до 29 години, при што финансиската поддршка достигнува 10.000 евра неповратни средства за основање на бизнис.
Продолжуваме со мерката Вработување и раст на правни субјекти, која има за главна цел создавање нови работни места и оваа година ќе бидат вклучени 1.540 лица. За младите до 29 години, највисоката поддршка изнесува до 250.000 денари по лице, што повторно покажува ангажман на Владата за поддршка на младите невработени лица да останат во државата.
Како нова мерка оваа година ја имаме Јавната работа за заштита и превенција од пожари и подобрување на животната средина на локално ниво, односно пошумување. Оваа мерка предвидува социјално вклучување на 400 лица кои потешко се вработуваат и кои ќе примаат 24.000 денари месечно.
Продолжуваме и со реализација на мерката за платената младинска стипендија, која предвидува поттикнување на вработувањето на 3.500 млади лица до 23 години по завршување на средно образование, со цел вработување во дејности од областа на производството.
ВЛЕН го цени трудот и работниците. Имаме среќа што имаме работлива младина, ние само создававме услови за работа!