
Поминаа пет дена од јавно поставените прашања до Демократската унија за интеграција, а тие сè уште молчат. Ниту еден збор, ниту еден демант, ниту еден одговор.
Пет дена ДУИ молчи колку и какви средби имал Бујар Османи со претставници на српските власти?
Пет дена ДУИ молчи колку пати Бујар Османи бил приватно во Србија, без да ја информира јавноста?
Зошто толку тишина од една партија која тврди дека е „заштитник” на евроатлантскиот курс и интересите на Албанците? Дали овој молк не е всушност потврда за сè што беше кажано?
Го прашуваме јавно Бујар Османи:
Дали веќе започнал да соработува со ПР-стратезите на Александар Вучиќ?
Дали ќе ја продолжи соработката со ПР-стратезите на Вучиќ што ја имаше претходната Влада на СДСМ и ДУИ?
Дали Бујар Османи ќе ја добие поддршката од Белград како што ја добиваше и до сега?
Дали зад сцената и понатаму се градат сојузи со Белград, додека на јавна сцена се симулира „патриотизам”?
Вистината не може да се скрие:
ДУИ водеше дипломатија со Белград, не со Приштина.
ДУИ се сликаше со Вучиќ, не со Курти.
Време е за одговори.
Време е за транспарентност.
Албанците не заслужуваат да бидат водени од луѓе кои градат тајни врски со центри на моќ што ги игнорираат нашите национални интереси.
ДУИ, не можете да се криете зад празни фрази.
Народот веќе знае дека зад вратата на „европска дипломатија” се кријат состаноци што мирисаат на „српски свет”. И тоа нема да го дозволиме!